1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите одговорни за кризата да одговараат пред законот

Б. Георгиевски4 март 2016

Создавање услови за фер и демократски избори и одговорност за сите функционери одговорни за кризата. Дипломатот Брајан Хојт Ји во Скопје порача дека САД будно ја следат состојбата.

https://p.dw.com/p/1I7Oz
Фотографија: MIA/Photo Service

САД даваат поддршка за создавање услови за организирање слободни и фер избори на 5 јуни, соопшти денеска заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји во Скопје. Истовремено, Ји порача и дека Вашингтон очекува сите одговорни за политичката криза да одговараат за своите постапки, давајќи поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Во рамките на дводневната посета на Скопје, Ји се сретна со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, претставници на политичките партии и правосудството, како и со техничкиот премиер Емил Димитрев.

Ји верува дека до 5 јуни мора да се создадат услови за фер избори и притоа го поздрави почетокот на прочистувањето на Избирачкиот список.
„Одблиску ги набљудуваме медиумските реформи и улогата на медиумите во обезбедувањето на рамноправен терен за време на предизборието. Исто така одблиску ја набљудуваме целокупната атмосфера во која гласачите би имале можност да гласаат слободно“, рече Ји.

Од особена важност за САД, според дипломатот, е работата на Специјалното обвинителство со кое треба да соработуваат институциите и политичките партии. Тоа Ји го побарал на средбите со своите соговорници во Скопје, потенцирајќи дека имплементацијата на Договорот од Пржино е значајно за иднината на земјата.

„На сите состаноци ја нагласивме важноста од поддршката на Специјалното јавно обвинителство, да се поддржи важноста од владеењето на правото и да се осигура дека сите претставници одговорни за кризата ќе бидат повикани на одговорност за своите дела во согласност со владеењето на правото“, рече Ји. Во случај на опструкции и прекршувања на поддршката кон СЈО, САД „ќе дадат сугестии како тие да се надминат“, рече дипломатот.

Mazedonien Hoyt Brian Yee zu Besuch in Skopje
Фотографија: MIA/Photo Service

За инцидентите поради поставувањето на верски симболи во населбите Чаир и Бутел, Ји очекува реакција од политичките и верските лидери.

„Земјата треба во целина да се движи кој една заедничка цел на подобра и посветла иднина, интегрирана во Европа, подобра средина за економски развој и можности за младите. Ваквите инциденти се случуваат во многу земји, вклучително и во мојата, но важно е како политичките и верските лидери ќе реагираат на нив, рече Ји.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема