1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силвестер

30 декември 2005

Денот кога светот се разделува од старата година, посебно во западниот свет, се нарекува според Папата Силвестер Први. Владеел од 314 до 335 година, и починал на 31 декември 335 во Рим.

https://p.dw.com/p/Aeua
Се „потроши„ уште една година
Се „потроши„ уште една годинаФотографија: BilderBox

Неговото име во 813 година било ставено во црковниот календар. Први јануари се слави дури од 1691 година, според решението на Папата Инокентиј 12-ти. Претходно извесно време почетокот на годината бил на 25 декември, потоа се славел дури на денот на Трите кралеви, односно на 6 јануари.

Како и сите празници и Силвестер бил поврзан со обичаи и суеверја. Ноќта на смената на годините уште од најсторо време била посветена на одбрана од злите духови. Клапорци, поворки што вреват и други звуци на заплашување требало да ги држат на далечина такви зли духови. Денес таквите обичаи во целиот свет се заменети со огномети. Од година на година во Германија ноќта на Силвестер во воздух се фрлаат ракети за многу милиони евра. Меѓу најпопуларните обичаи е топењето олово што овозможува поглед во иднината. Оној што на соседот или пријателот ќе му посака „добро лизгање„ користи една поговорка чие потекло се наоѓа во еврејскиот новогодишен празник Рош Хашана што значи „Глава на годината„ на првиот и вториот ден на еврејскиот календарски месец Тишрај. Многу религии славата своја сопствена Нова година: на пример Евреите и Муслиманите според месечевата година, Иранците според сончевата. За Кинезите новата година започнува меѓу крајот на јануари и крајот на февруари.