1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сејдиу- Косово нема еднострано да прогласи независност

24 јули 2007

Белград не се откажува од суверенитетот на целата територија и сака продолжување на преговорите. ЕУ и натаму неединствена околу натамошните чекори.

https://p.dw.com/p/BLaR
ПриштинаФотографија: DW/Sand

“ Би било добро кога ЕУ би ги чула гласовите од земјите кои се наоѓаат поблиску до Косово. Романија и Грција се тие земји , кои подобро знаат , како ќе изгледаат реакциите на едната и на другата страна . Ние го подржуваме европскиот консензус , но ние во ЕУ треба да бидеме подготвени за дискусија , кога станува збор за така комплексни теми ” . Оваа изјава на романскиот министер за надворешни работи Адријан Циориану ја отсликува актуелната поделеност во ЕУ околу можното решение за статусот на Косово. За време на вчерашниот состанок шефовите на дипломатии на земјите членки на Унијата не можеа да се договорат како би требало да продолжат преговорите за идниот статус на Косово. И тука се појавиле разлики во мислењата исто како и кога станува збор за подршката на планот на Марти Ахтисари за надгледувана независност на Косово како основа за решението за статусот. Романија , Бугарија и Грција имаат резерви кон ставот на ЕУ дека предлогот на Ахтисари е вистинската основа за решавање на проблемот:

“ Ние секогаш го застапувавме ставот , дека овој план , а ние ги цениме напорите на претседателот Ахтисари, може да биде само една од основите а не и основата за решавање на прашањето”- истакна романскиот министер бранејќи се од критиката дека неговата земја отстапува од подршката која претходно му ја даде на планот на Ахтисари.

Од другастрана Албанија цврсто стои на ставот дека Косово треба да добие независност. Тоа е прашање на месеци – порача во интервју за ДВ , новиот албански претседател Бамир Топи:

Албанија јасно се позиционираше на страната на нејзините меѓународни партнери предводени од САД, дека Косово мора да добие статус на независност. Во таа смисла ние го подржуваме пакетот на посредникот на ОН , Марти Ахтисари и очекуваме интензивирање на напорите во оваа насока.

Тоа е стремежот на еден народ , кој страдал со векови во изолација и диктатура . Сметам дека перспективата на Косово е јасна , дека е чиста и немам сомнеж дека независноста на Косово е само прашање на време , на месеци- изјави Топи .

Инаку синоќа во вашингтон високата косовската делегација предводена од претседателот Фатмир Сејдиу јасно ставила до знаење дека интензитетот на нивната желба за независност останува, но ветиле дека нема да дејствуваат на своја рака и ќе работат со САД и Европа. Кондолиза Рајс повикала на трпение и нагласила дека САД остануваат на ставот дека Косово треба да биде независно. Според Сејдиу Вашингтон ќе дејствува бргу по периодот од 120 дена преговори за да ја признае независноста на покраината и тоа без оглед на приговорите на другите земји.

Косовскиот премиер, Агим Чеку изјави дека се разговарало за модалитетите на прогласување независност на Косово. Но не за еднострано, туку за прогласување независност со согласност и поддршка на САД и ЕУ.

Србиј од другастрана порачува дека е подготвена за нова фаза на преговорите преку кои би се дошло до најповолно решение. Ова стои и во владината предлог резолуција која попладнево во српскиот парламент ќе биде тема на расправа. Во нејзе се наведува дека покраината е неделив дел од Србија врз основа на уставните и меѓународно правните документи. Истовремено се предупредува дека секој обид за решение кое би ги прекршило основните начела на меѓународното право и интегритетот и суверенитетот на Србија би бил прогласен за ништовен и опасен по државата, и би бил повод за соодветно делување на државните органи согласно меѓународното право.