1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Сензација во Палермо: С. Македонија на чекор до Мундијалот

БГ
24 март 2022

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија забележа историска победа нагости против Италија со која може да се надева на пласман на Светското првенство во Катар

https://p.dw.com/p/490gK
Italien v Nord-Mazedonien
Момент од натпреварот меѓу Италија и С. Македонија во ПалермоФотографија: Fabio Ferrari/LaPresse/IMAGO

Со погодокот на Александар Трајковски во 92 минута од мечот, македонските фудбалери ја совладаа Италија во првиот бараж во квалификациите за Светското првенство во Катар. Мечот во Палермо мина во целосна доминација на четирикратниот светски првак и актуелен европски шампион, но и покрај повеќе од 30 удари врз голот на македонската репрезентација, победникот го одлучи погодокот на Трајковски во судиското продолжување. 

Сензацијата во Палермо ги носи македонските фудбалери на мегдан на Португалија која во вториот бараж од истата група ја совлада Турција со 3:1.

Голот на Трајковски ја испразни целата клупа на македонската репрезентација. Селекторот и играчите потрчаа да го прослават погодокот со стрелецот и целиот тим. Повеќе стотици македонски навивачи се радуваа на победата на стадионот, додека разочараните италијански фудбалери го напуштаа теренот. 

Вака беше прославена победата по мечот: 

Следниот предизвик за македонските фудбалери е селекцијата на Португалија, предводена од повеќекратниот најдобар светски фудбалер Кристијано Роналдо. Решавачкиот меч ќе се игра во вторник во Лисабон.

Во останатите мечеви, Велс ја совлада Австрија со 2:1 и ќе го чека подобриот од мечот меѓу Шкотска и Украина за пласман на Мундијалот.