1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Се урна зграда во Турција

ЕМФ | агенции
10 ноември 2021

Во градот Малатија, на истокот на Турција, се урна зграда. Спасувачките активности изутринава се завршени.

https://p.dw.com/p/42o3Z
Türkei Gebäude in Malatya eingestürzt
Фотографија: Taha Ayhan-Malatya/DHA

При уривањето на зградата во Малатија се повредени 13 лица, јави турската државна новинска агенција Анадолу. Двајца од повредените се на интензивна нега, соопшти гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Баруш. Рано изутринава се запрени спасувачките активности, а сега екипите работат на расчистување на урнатините.

Претпоставките дека под урнатините се наоѓаат околу 20 лица не се потврдија. Причината за уривање на зградата, во која имало и продавници и ресторани, засега не е утврдена.

Според изјави на сведоци и медиумски информации, несреќата се случила во тек на реновирање. Притоа бил оштетен ѕид кој делел два ресторана на приземјето од зградата. Се претпоставуива дека тоа би можела да биде причина за несреќата.

Според наводи на обвинителството, уапсени се сопствениците на зградата и три лица кои учествувале во реновирањето.

Türkei Gebäude in Malatya eingestürzt
Фотографија: Taha Ayhan-Malatya/DHA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, според соопштението од неговиот кабинет, телефонирал со градоначалникот на Малатија и гувернерот на провинцијата. „Нашите молитви и срца се со нашите браќа и сестри во Малатија“, напиша на Твитер, Фахретин Алтун, надлежен за односи со јавност во кабинетот на Ердоган.