1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се самоуби српскиот амбасадор во НАТО

БГ/миа5 декември 2012

Не се познати мотивите и причините за трагедијата на Милинковиќ кој важел за добар дипломат.

https://p.dw.com/p/16vxc
Фотографија: picture-alliance/dpa

Амбасадорот на Србија во НАТО Бранислав Милинковиќ синоќа (04.12) изврши самоубиство на аеродромот во Брисел, пишуваат белградските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори. Мотивите за самоубиството се‘ уште не се познати.

Според сознанијата на медиумите, Милинковиќ извршил самоубиство на главниот меѓународен аеродром во Брисел, скокајќи од паркинг пред очите на Зоран Вујуќ, помошник на министерот за надворешни работи на Србија, кој го води секторот за безбедносна политика. Сопругата на Милинковиќ веста ја дознала во Даблин, од каде веднаш се упатила кон Брисел. Милинковиќ има еден син.

Пред да биде именуван за амбасадор во НАТО др. Бранислав Милинковиќ во Виена ја извршуваше функцијата амбасадор на Србија и Црна Гора во Организациата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а потоа беше специјален пратеник во седишето на НАТО. За амбасадор на Србија во НАТО е назначен на 3 август 2009 година.