1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Се плашиме од вас"-Нетолеранција спрема имигрантите во Словенија

25 март 2004

По стекнувањето на независност граѓаните од југот на Југославија кои живееја во Словенија имаа право на словенечко државјанство, но им беше оставен многу краток рок да поднесат барање за тоа. Оние што задоцнија -останаа без државјанство. Поради тоа вкупно 18 илјади луѓе го изгубија правото на престој , правото на работа , а бидејќи останаа и без пасош , не можеа ниту да патуваат. Практично тие станаа илегалци

https://p.dw.com/p/AdGO
Љубљана
ЉубљанаФотографија: Illuscope

во земјата што ја одбра за своја татковина.

Уставиот Суд минатата година ја осуди таа неправда , и им додели на тие луѓе словенечко државјанстви , а на државата и наложи да им ги надомести евентуалните штети кои ги имале.

Иако од правна гледна точка ситуацијата сега е јасна , политичарите пред се од конзервативната опозиција, сега сакаат да го избегнат обесштетувањето бидејќи наводно трошоците биле преголеми. Популистичките изјави наидуваат на плодно тло кај народот и така еден човек од Јесеница вели:

“Мислам дека постои опасност луѓето од југот да станат доминантни. Порано овде немаше муслимани, луѓе од југот, сите бевме пријатели. Денес е сосема поинаку. Нивната музика е премногу гласна , и не можам повеќе да ја поднесам. Се плашам од нив”-вели овој човек.

Мики Цвитановиќ , по потекло Србин , веќе 27 години живее во Словенија и по стекнувањето на независноста навреме побарал државјанство. Шест години немал добиено одговор и поради тоа ја изгубил работата. Без документи тој не можел ниту да ја напушти Словенија. Освен тоа , неговата сопруга , морала да плати казна , затоа што Мики кај неа односно во неговиот стан наводно живеел илегално.

Во меѓувреме Цвитановиќ добил државјанство , за недостатокот толерантност кај народот сеуште има разбирање , но не и за политичарите кои со популистички изјави собираат гласови:

“Мора да се прифати фактот дека народ кој брои само милион и девестотини илјади луѓе , се плаши дека ќе се изгуби во европскиот простор. Затоа ги разбирам некои трауми од кои произлегува оваа нетолерантност. Но тоа не е оправдување за словенечката опозиција , но и за сите словенечки политичари, да превземаат чекори какви што преземеет во моментов”-вели Цвитановиќ .

Во словенија живеат 47 илјади Муслимани , кои сочинуваат 2.4 насто од населението и по католиците се најголема верска заедница во земјата. Веќе 35 години тие планираат да подигнат џамија. Градската управа на Љубљана најпосле минатата година им го дозволи тоа , но конзервативната опозиција сега се обидува преку референдум кој треба да се одржи на 4 април сепак да го оневозможи тоа.

Муфтијата Осман Ѓогиќ пред се, за тоа ги критикува политичарите , кои според него ги потикнуваат предрасудите кај народот.

Од развојот на ситуацијата е загрижен и амбасадорот на ЕУ во Словенија , Ерван Фуере кој вели:

“Тоа воопшто не радува и ние сме загрижени. Тоа не одговара на степенот на толерантност и почитувањето на човековите права кои се очекуваат од Словенија“-истакнува Фуере.

Според истражувањата на јавното мислење на референдумот на 4 април поголемиот дел од Љубљанчани ќе гласаат против подигнувањето на џамијата , а веројатно и поголемиот дел Словенци ќе се изјаснат против обештетувањето за оние на кои неоправдано им беше ускратено државјанство.