1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ ја усвои новата партиска програма

12 септември 2009

На 11. партиски конгрес социјалдемократите ја усвоија новата програма во која акцентот е ставен на економијата. Програмата е насловена „Решенија за Македонија“.

https://p.dw.com/p/Jdew
СДСМ - СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија на партискиот когрес, на кој учествуваа 662 делегати, ја усвои новата програма и направи неколку статурани измени. Во делот на партиските симболи, усвоен е новиот официјален партиски симбол - жолта ѕвезда со стилизирана роза, како и партиска химна. Новата програма е содржана во 193 страници. 70 проценти од содржината се базира на економијата, а останатиот дел ги покрива социјалните прашања, образованието, правдата. Социјалдемократите велат дека досега работеле Македонија да биде мирна и безбедна и дека успеале во тоа, и оти сега се посветуваат земјата да стане економски посилна и социјално посигурна. Новата програма нуди нова даночна политика, пониски даноци за сиромашните повисоки, за богатите, подобра бизнис-клима, стимулирање на инвестиции и на извоз, поволности за малите и за средни претпријатија.

Автор: Горан Петрески

Реедактор: Александра Трајковска