1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свилановиќ - Германија води политика во прилог на независност на Косово; Берлин демантира

25 март 2004
https://p.dw.com/p/AdGJ
Министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора Горан Свилановиќ за белградското радио Б92 изјави дека германскиот министер Јошка Фишер во Советот за безбедност на ОН го блокирал донесувањето резолуција за Косово во која одговорноста за безредијата им се припишува на Албанците. Фишер, според Свилановиќ, одбил таква формулација. Свилановиќ оцени дека Германија води политика во прилог на независност на Косово и оти тоа не го прави само во свое име, но искажа и надеж дека најголемиот трговски партнер на неговата земја ќе ги промени ставовите во врска со Косово.

Пред седницата на Советот Фишер, инаку, изјави дека ни може одговорноста за судирите да и' ја припише на албанската страна, ниту пак независност на покраината би било решение за проблемот.

Германското Министерство за надворешни работи ја отфрли критиката на Свилановиќ како неточна. Портпарол на Министерството укажа дека мнозинство во Советот за безбедност сметало дека сите страни мора да бидат повикани на умереност и оти таа позиција се рефлектира во изјавата на Советот.