1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саем во Лајпциг: Швајцарија на четири јазици

Рисес Димо / Жана Ацеска13 март 2014

Швајцарија годинава е земја-гостин на Саемот на книгата во Лајпциг, кој почнува денеска. Таа се претставува со 80 автори. Но, многумина писатели го критикуваат курсот на земјата во правец на изолирање.

https://p.dw.com/p/1BPG6
Фотографија: picture-alliance/dpa

Низ целиот Лајпциг има реклами за земјата-гостин на годинашниот Саем на книгата, по улиците има црвени клупи за читање, кои се вистински дизајнерски предмети. Ниедна земја-домаќин досега не се презентирала на толку упадлив начин. Алпската држава се потпира на истакнување на докажаниот имиџ на перфекција и единственост. Но, многумина набљудувачи токму тоа го доведуваат во прашање, со оглед на четирите јазици. Тоа важи посебно за областа на литературата - ретко некој може да зборува за нешто како заедничка швајцарска литература.

„Меѓу различните јазички региони постои мала размена“, истакнува Франциска Шлефер, куратор на швајцарската литературна програма во Лајпциг. Затоа, потребни се многу преводи. Но, на издавачите очигледно не им изгледа многу важно, делата на швајцарските автори да им ги направат достапни на останатите јазични групи во земјата.

Gastland Schweiz auf der Leipziger Buchmesse
Низ цел Лајпциг реклами за ШвајцаријаФотографија: Auftritt-Schweiz/G.Mothes

Идентификација со јазичкиот регион

Авторите се идентификуваат со своите јазични и културни простори.

„Тие не сакаат да бидат сфатени како швајцарски книжевници“, вели Шлефер. Даниел Мецгер, писател и актер кој живее во Цирих, со своите колеги во германското јазично подрачје во Швајцарија гледа само едно нешто заедничко: „Ние не пишуваме ниту на мајчин јазик, ниту на странски јазик“.

Autorin Melinda Nadj Abonji
Авторката Мелинда Наѓ АбоњиФотографија: Jung & Jung Verlag

Патот од смислената до напишаната реченица нуди стилски потенцијал. Тоа уште повеќе важи за писателите со културни корени надвор од Швајцарија. Мелинда Наѓ Абоњи, која за својот роман „Гулабите летаат“ во 2010. ја прими германската и швајцарската литературна награда, е родена во бивша Југославија како припадник на унгарското малцинство. Таа во Швајцарија дошла како дете и морала да научи два нови јазика - литературен германски и дијалект.

„Тоа остава печат. За мене тоа е извор на енергија“, вели Абоњи. Таа никогаш не се ослободила од својот мајчин јазик. „Јас преведувам некоја изрека или се трудам да најдам слична“. Таа потрага во нејзините текстови звучи поетски. Или, како што вели авторката, често слушала дека на германски тоа звучи поинаку.

Гребнатинки на сликата за мирна разновидност

Литературата од Швајцарија се презентира како многустрана. Мецгер Швајцарија ја опишува како пачворк: зад следната планина се зборува веќе поинаку. И Сабине Дерлеман, издавач на актуелниот добитник на швајцарската литературна награда, Јенс Штајнер, цитира изрека која во 1990-те години предизвика големи бранувања: „Швајцарија не постои“. Но, сликата за отвореност и мирна разновидност, која ја транспортираат литератите, преку најновиот референдум за ограничување на квотите за доселување за граѓаните од ЕУ, добива гребнатинки.

Тоа е тема, која лебди над Саемот на книгата во Лајпциг. Авторите и издавачите заземаат став. Некои саркастично забележуваат: „Посетете ја Швајцарија додека уште можете“. Мелинда Наѓ Абоњи резултатот од референдумот го критикува на уметнички начин преку перформанс.

Daniel Mezger
Даниел МецгерФотографија: Dimo Riess

„Иницијативата ја сметам за вистинска катастрофа, која покажува дека демократијата е заглавена во криза“. Директната демократија станува алиби, зашто се одлучуваше за содржини кои се спротивни на демократијата и уставот.

Тоа не е ништо ново: Наѓ Абоњи потсетува на забраната за изградба на минариња издејствувана пред четири години. „Толкувањето не смее да им се остави на политичарите“, вели авторката, која се жали на недоволна култура на водење дебати во Швајцарија.