САД поддржуваат преговори за името
14 јули 2014Реклама
САД силно ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името со цел Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и Европската унија. Ова го истакна американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд во изјава по средбата со премиерот Никола Груевски.
Одговарајќи на прашање дали проширувањето се уште останува приоритет за НАТО. Нуланд рече секако, нагласувајќи дека тоа особено се однесува за Македонија.