САД-Мексико: Никој не смее да умре од жед
22 јули 2019Групата волонтери „Гранични ангели“ во регионот на планините Хакумба им помагаат на мигрантите да го преживеат долгиот пат низ пустината. Тие им оставаат галони со вода.
„Имаме браќа и сестри кои се во нужда. Се соочуваат со смрт и мизерија. Затоа, галон со вода може да значи спас“, вели водачот на волонтерите, Ленс Овен.
Волонтерите сакаат да помогнат никој да не умре од жед. Ленс Овен објаснува:
„Поради зголемените гранични патроли во други региони, повеќе луѓе се шверцуваат низ овој поопасен теснец и регион. Додека се пробиваат, отфрлаат дел од работите.“
Волонтерите сметаат дека празните контејнери за вода долж патот значат дека некој ја користи нивната помош.
Погледнете го видеото на оваа тема:
Дел од волонтерите се и потомци на мексикански мигранти. Еден од нив раскажува:
„Немало патишта, немало ништо. Единствениот можен начин за него, за мојот прадедо, но мојата прабаба, да се движат, било да одат пеш. Некој морал да им помогне долж патот. И, еве ме, овде.“
Десетици мигранти го загубија животот во текот на оваа година поради горештини и дехидратација. Властите преземаат остри мерки против преминувањето на границата.
„Администрацијата и политичката клима не го одразуваат ставот на огромното мнозинство Американци, кои им посакуваат добредојде на имигрантите“, нагласува една жена од групата волонтери „Гранични ангели“.