1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија тврди дека и натаму ѝ доставува гас на Европа

ЕМФ | дпа
1 март 2022

Русија, според сопствени наводи, ѝ натаму ја снабдува Европа со гас преку транзитните линии во Украина.

https://p.dw.com/p/47lGI
Russland | Gazprom | Arbeiter kontrolliert Messinstrumente
Фотографија: Maxim Shipenkov/dpa/picture alliance

Оптовареноста на гасоводот останува на високо ниво, јави агенцијата Интерфакс повикувајќи се на податоци од рускиот државен концерн Газпром. Денеска (1.03), како што се вели во информацијата на Интерфакс, во Европа треба да бидат доставени 109,3 милиони кубни метри гас, односно нешто повеќе од вчера.

Западот стравува дека Русија, по нападот врз Украина и санкциите кои поради тоа се воведени против Москва, може да ја затвори славината за гас. Од Русија, пак, се нагласува дека лиферувањето било доверливо дури и во најголеми кризи.

Германската влада сака брза независност од руската енергија

Германската влада настојува да се постигне што побрзо независност од руските испораки на нафта, гас и јаглен. За таа цел е предвидено и забрзано комплетно префрлање на производство на струја од обновливи енергија, изјави денеска за радиото Дојчландфунк државната секретарка во германското Министерство за економија, Франциска Брантнер.

Wind Farm Chile
Префрлањето од гас, нафта и јаглен на обновлива енергија треба да оди многу побрзо од она што досега се планирашеФотографија: Wang Pei/Xinhua News Agency/picture alliance

„Ги дадовме првите предлог закони од велигденскиот пакет на усогласување во ресорот и, да, планираме вистинско национално напрегање за побрзо префрлање на обновливи енергии“, одговори Брантнер на прашањето дали може да го потврди пишувањето на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека електричната енергија во Германија наместо во 2050 сега треба „речиси целосно да доаѓа од обновливи извори“ веќе во 2035 година.  

- повеќе: Германија го запре гасоводот Северен тек 2

Брантнер рече: „Не е само прашање на заштита на климата, туку навистина е прашање на безбедност. Мора да дадеме сѐ од себе.“