1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија паѓа подлабоко во рецесија

П.К.Бриц/сн11 август 2015

Рецесијата во Русија е сѐ поголема. Во моментов стопанството бележи најголем пад во последниве шест години. Наспроти досегашните очекувања подобрување не е на повидок.

https://p.dw.com/p/1GD9g
Фотографија: Alexander Nenenov/AFP/Getty Images

Според официјалните проценки, руската економија во вториот квартал годинава забележала пад од 4,6 проценти во односи на истиот период лани. Тоа претставува најтежок пад на руското стопанствп во последниве шест години. Руската економија истовремено мака мачи на повеќе страни.

Стопанството е премногу зависно од трговијата со гас и нафта. Но бидејќи цената на нафтата е многу ниска, речиси и да не можат од тоа да се заработат пари. Покрај тоа недостасуваат резервни делови, кои меѓутоа не можат да бидат доставени. Причина се западните санкции. И тие ја слабеат целата руска економија.

Руската економија на големи маки

Во минатата година рубљата во споредба со еврото загуби околу 31 насто од вредноста.

Инфлацијата во јуни изнесуваше цели 15 проценти- што посебно го чувствуваат потрошувачите.

И сега и Брутодомашниот производ падна за 4,6 проценти

Натамошниот пад на цената на нафтата во изминатите месеци, дополнително ја ослабе рубљата и така многумина не сметаат на подобрување на руската економија. Иронијата во сето: Од слабата рубља профитира рускиот енергетски монопол Газпром, зашто својата стока ја продава во долари, а доларот во Русија сега вреди повеќе.