Ругова за Дојче Веле: Стандардите на Косово до средината на 2005-та година
30 декември 2004�а ќе биде мошне тежок.
,, Белград не ја признава новата реалност на Косово и манипулира со Србите во покраината, рефлектирајќи ја кај нив старата логика на доминација,како и колебајќи ги да се интегрираат во државата и институциите на Косово,, рече Ругова прашан за дијалогот Белград- Приштина.
Како што посочи косовскиот претседател, институциите во покраината се подготвени да почнат преговори за решавање на финалниот статус. ,, Во општа смисла, ние сме подготвени , дури и денес да почнеме да раѕговараме за косовскиот статус. Инсистирам, дури и ако има преговори, на директно признавање на Косово, како на пример од САД, ЕУ и тоа ќе биде прифатливо дури и за нашите соседи. Прашањето е мошне јасно. Инсистирам нашата независност да биде признаена дури и од сите европски земји, на пример од Германија, Франција, велика Британија или Италија,, рече Ругова во интервјуто за Дојче Веле.
Зборувајќи за владината коалиција, Ругова рече дека таа ќе опстане, бидејќи е формирана по војла на коалициските партии.
,, Ние ќе соработуваме со опозицијата кога станува збор за општи прашања, ќе бидеме заедно кога е во прашање признавањето на независноста и другите големи проекти од национален нтерес,, рече Ругова.
Според него, најголем успех во 2004-та би било одржувањето на парламентарните избори, како и брзата изградба на институциите, што всушност би докажало дека Косоварите се способни да пронајдат решенија.