1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Робертсон: Република Македонија треба да стане членка на НАТО

АМ/макфакс22 март 2014

Сѐ уште е можно Македонија да биде примена во НАТО, бидејќи таа е совршено квалификувана за да го направи тоа, порачал поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон на форум во Брисел.

https://p.dw.com/p/1BUJ3
Робертсон вели дека погрешил што поинаку ја нарекувал МакедонијаФотографија: Attila Kisbenedek/AFP/Getty Images

Британецот ова му го порачал и на генералниот секретар на Алијансата во заминување, Андерс Фог Расмусен, кој исто така учествуваше на форумот „НАТО во транзиција“ во Брисел, пренесува агенцијата Макфакс.

„Сакам да дадам еден краток совет, сметам дека сѐ уште е можно Македонија, земјата која Андерс мора поинаку да ја нарекува, а впрочем и јас морав да го правам истото за време на својот мандат, Република Македонија треба да стане членка на НАТО, бидејќи е совршено квалификувана да го направи тоа“, изјавил Робертсон.

Македонија требаше да стане членка на НАТО уште во 2008 година, заедно со Хрватска и Албанија, но поради спорот за името со Грција и немањето на консензус кај земјите-членки поради овој проблем, членството на Македонија во Алијансата е во статус кво состојба веќе шест години.

Следниот самит на НАТО ќе се одржи во септември годинава во Велс, Велика Британија, а се очекува дека проширувањето на Алијансата ќе биде една од темите на агендата на земјите-членки на северноатланскиот сојуз.