1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рикер: имам доверба во иднината на Косово

16 август 2006

Новоназначениот администратор на Косово, германскиот дипломат Филип Рикер се надева дека ќе биде последен на таквата функција. И тој ја отфрли поделбата на Косово како можно решение

https://p.dw.com/p/AdiM
Косово
КосовоФотографија: AP

На прес конференцијата на која ги најавуваше своите приоритети и задачи, новиот шеф на УНМИК, Рикер нагласи дека ќе работи на креирање стабилни институции, учество на малцинствата во косовскиот живот, мир и безбедност и економски развој на Косово:

„Мислам дека е важно да се нагласи деке УНМИК ќе има клучна надлежност се додека резолуцијата на СБ 1244 е на сила, но голем дел од работата на мисијата сега ќе биде фокусиран на подгототвките за заминување на УНМИК и за предавање на надлежностите на идната меѓународна мисија, онака како што ќе биде решено во процесот на одредување на статусот“, нагласи Рикер. Тој рече дека ќе стори се што е во негова моќ да го поддржи специјалниот пратеник за преговорите Ахтисари и да му помогне да се дојде до решение во текот на оваа година.

Рикер смета и дека малцинските заедници на Косово мора да имаа посебни гаранции и дека мнозинското албанско население има обврска и одговорност да допре до нив, како никогаш порано:

„Сепак во истовреме би ургирал сите малцински заедници, а особено Србите да бидат вклучени во работата на инстиуциите на локално и на централно ниво за подобрување на нивниот секојдневен живот“

Но, Рикер е категоричен, поделба на Косово не доаѓа в превдид:

“Можете да ми верувате и мене и на УНМИК како институција дека ќе работиме заедно со меѓународната заедница принципите на Контакт групата кои се однесуваат на неделивоста на Косово да бидат испочитувани и дека нема да има никаква поделба на Косово.

Рикер верува и дека сите луѓе на Косово може да живеат во мир. Тој на крајот им се обрати на граѓаните на српски и на албански јазик:

„Имам доверба во иднината на Косово. Таа иднина веќе започна и ние сме дел од неа„