1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рељиќ: Не постои фактичка опасност од Русија на Балканот

Емилијан Лилов Превод А. Трајковска 19 ноември 2014

Набљудувачите сметаат дека Русија сака потесно да се поврзе со Западниот Балкан за да го зајакне сопственото влијание. Експертот за ЈИЕ Душан Рељиќ во интервју за ДВ појаснува како ги проценува ваквите предупредувања.

https://p.dw.com/p/1DpEl
Фотографија: DW

ДВ: Во последно време постојано се зборува за нова Студена војна. Германската канцеларка Ангела Меркел јасно го критикуваше Путин и предупреди од проширување на украинската криза и растечко руско влијание. „Не станува збор само за Украина. Се работи за Молдавија, за Грузија ако се оди понатаму мора да се праша кај Србија, кај државите од Западен Балкан“. Освен тоа од доверливи документи на Министерството за надворешни работи во јавноста продре дека Русија му препишувала на Западниот Балкан високо стретегиско значење. Како ги проценувате овие предупредувања?

Душан Рељиќ: Предупредувањата секогаш мора да бидат сериозно сфатени - особено кога доаѓаат од една влада. Сепак мислам дека не постои фактичка опасност или можност Русија да би можела да изврши политички или дури воен притисок врз поранешните југословенски републики и Албанија. За тоа има две причини. Во Србија и исто во другите држави на регионот нема ниту една единствена партија, која би била против пристап во ЕУ на нивната земја. Второ: По крајот на Студената војна на Балтикот и Црното Море во меѓувреме се создаде синџир од НАТО држави. Тие и оневозможуваат на Русија, навистина на проектира воена моќ на Јадранот. Во самиот регион, значи во така наречениот Западен Балкан, три земји пристапија кон НАТО: Словенија, Хрватска и Албанија.

Србија во догледно време нема да пристапи во НАТО, оти по нападот на НАТО врз Србија во 1999 година раните сѐ уште не се заздравени. Само околу 12 проценти од населението би поздравиле пристап, околу 70 проценти се против. Но, ако се праша: Дали сте за пристап во ЕУ, тогаш мнозинството е „за“. Оттука верувам дека нема ниту политички, ниту воено-политички предуслови за поголемо руско влијание.

Според набљудувачите, Москва се обидувала преку руската испорака на гас со тесна воена соработка и масовни инвестиции да ја врзе Србија за себе. Во Босна и Херцеговина и во Црна Гора Русија преземала слични чекори. Дали и Вие така гледате на развојот?

Бројките и фактите не потврдуваат една ваква претпоставка: Најважни трговски партнери во регионот се Германија и Италија. Русија е најголемиот енергетски испорачател, но секој гасовод има два краја - тоа значи обострана зависност. Исто така и кај гасовдот „Јужен тек“ се работи за проект на кој на една страна ЕУ државите - Италија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија се заинтересирани за тоа гасоводот да биде изграден. Некои земји од Западен Балкан како Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија исто така се заинтересирани, но пред сѐ се надеваат да добијат приходи од транзитните такси. Меѓутоа, од тоа да се создаде конструкција дека Русија преку енергетската политика би можела да ги приврзе кон себе овие земји, се побива со факти.

Дали сметате дека Москва ќе се обиде да спречи, кандидатите за пристап во ЕУ од Западниот Балкан да станат членки на Европската унија?

Не, за тоа Москва не располага ниту со влијание, ниту има интерес, Русија меѓутоа ќе се обиде, каде може, да спречи, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора да пристапат во НАТО. Но, кога говориме за можностите за дестабилизација на регионот, мора попрецизно да се погледне ситуацијата во стопанството. Бидејќи две третини од трговијата на регионот се одвива со ЕУ, финансиската и должничка криза таму силно се чувствува. Од 2009 година во регионот практично нема пораст, нема западни инвестиции и се намалуваат уплатите од гастарбајтерите. Затоа државите во регионот бараат нови трговски и инвестициони партнери. Тука е интересна Кина, арапските држави, Турција и Русија.

Колку навистина е влошен односот меѓу Русија и Западот?

Споредено со ситуацијата пред падот на Берлинскиот ѕид сега навистина се создаде сосема нова геополитичка ситуација. Русија е можеби проблем во источна Европа, за источноевропските држави, но не гледам дека во моментов претставува закана за безбедноста за Западна Европа. Ние меѓутоа гледаме дека јужно од ЕУ во просторот на Средоземното Море и источно од ЕУ, во Украина и можеби Молдавија, гори. Затоа се загрижени во Европската унија, југоистокот на Европа да остане мирен, да не се разгори оган како тогаш за време на југословенските војни. Оттука сигурно е задача за иднината, да се воспостави нов европски безбедносен поредок, и оваа задача може да биде успешно спроведена само со Русија и со САД. Да се допушти натамошно продлабочување на конфликтната ситуација во источна Европа навистина долгорочно многу би ѝ штетело на Европа.

Политикологот и новинар Душан Рељиќ раководи со канцеларијата во Брисел на фондацијата Наука и политика. Југоисточна Европа и Западниот Балкан се една од тежишните точки на неговата научна работа.