1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решението за Косово не е закана за нови процеси на Балканот

16 јануари 2007

Експертот на партијата ЦСУ за балканот, Карл Теодор Гутенберг, смета дека Берлин ќе мора да посредува за единствено решение за Косово во рамки на Унијата и ги отфрла предупредувањата на Москва дека на Балканот се создава нова турска држава

https://p.dw.com/p/Adgq
Фотографија: AP

"Решението за статусот на Косово ќе биде српско и албанско и никој не треба да стравува дека на балканот ќе се формира голема Албанија" вели пратеникот од редовите на ЦСУ Карл Теодор Гутенберг. Германија за време на претседателството со Унијата според него треба да одигра клучна улога во координирањето и усвојувањето на единствен став околу прашањето. Важно да се укаже дека конструктивната улога на Русија истовремено може да биде и стабилизирачка, но и дека позитивното решение за Косово не мора да биде преседан за останатите замрзнати судири.

“ Се работи за сложена задача но ме радува тоа што таа средба се одржува и дека изјаснувањата се во тек. Предлогот на Ахтисари треба добро да се одмери и да се види кои се критичните прашања за кои треба да се преговара. Многу е важно во Европа да бидеме единствени и да одржиме близок контакт со Русија со цел предлогот во советот за безбедност да биде корисен“

Гутенберг смета дека специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари не треба премногу да чека со претставување на решението:

“ Се надевам дека Ахтисари наскоро ќе го претстави предлогот без натамошни одлагања. Значи по парламентарните избори во Србија. Решението не треба да се одложи за периодот по конситуирањето на парламентот и формирањето на новата влада во Белград, бидејќи тоа би можело да трае со месеци. Од предлогот на Ахтисари ќе зависи и процедурата за неговото спроведување“

Иако во последно време постои стравување дека голема Албанија би можела да стане втора Турција во Европа, нешто што често го користи Москва кога се зборува за независност на Косово, Гутенберг смета дека нема простор за такво нешто:

“ Не се грижам за тоа. Свесен сум дека Русија игра на таа карта но ние во Европа мораме да се соочиме со тој проблем. Да поставиме јасни стандарди и да укажеме на следново: Какво и да е решението на статусот на Косово, тоа ќе биде српско и албанско решение, постигнато со што помалку судири. Голема Албанија не е во наш интерес со што сомнежите во Русија се отстранети. Првенствена цел е одлука за статусот на Косово и негова европска перспектива, што ќе потрае“ смета Гутенберг