1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Решение за Косово со германската формула?

23 октомври 2007

Последната рунда преговори за Косово во Виена не донесе ништо ново. Можно ли е решението призлезе од меѓугерманскиот договор од 1972 г. Ваквите идеи ги коментира експертот Душан Рељич.

https://p.dw.com/p/BvXF
Виенските преговори без резултатФотографија: AP

Експертот на Фондацијата за наука и политика е уверен дека идеите за решението на статусот на Косово да се бара од искуството на германските политичари не доаѓаат од Белград туку од штабот на германскиот претставник во меѓународната посредничка Тројка, Волфганг Ишингер. Душан Рељич за Дојче Веле анализира:

“Секој случај е посебна приказна. Не верувам дека може да се преслика решение од нешто што се случило пред триесеттина години. Различна е и меѓународно правната основа со оглед на тоа што Србија е меѓународно признаена држава, а Косово не е. Српската влада инсистира на зачувување на територијалниот интегритет гарантиран не само со резолуцијата на ОН, 1244, туку и со документ на ОБСЕ од 1975 година. Албанската страна инсистира на отцепување и создавање нова држава. Затоа сметам дека во меѓународното право не постои цврста основа за решавање на ваквите случаи туку дека сето е одраз на политичкиот однос на силите”.

За решение е потребен притисок од Москва или Вашингтон

Душан Рељиќ укажува дека позициите на Србите и Албанците воопшто не се променети од почетокот без разлика идеите за поделба, конфедерација и меѓудржавен договор. Тој е уверен дека нема да има решение без поголем притисок на една од страните од Вашингтон или Москва.

“Во меѓународните кругови има настојување постојано да се лансираат нови варијанти за да се види дали некоја од страните ќе реагира позитивно на таквото решение. Мислам дека тоа не е работа на слободна воља ниту на Белград ниту на Приштина, а на тоа не може да влијае во поголема мера ниту ЕУ, туку Русија и САД кои се чини станаа главни актери во решавањето на косовскиот проблем”.

Рељиќ предупредува дека и ЕУ, според најавата на евродипломатот Хавиер Солана и без одлука на ОН започна да ја подготвува својата мисија во Приштина, која треба да биде замена за УНМИК. Но, тоа според него не значи и брза одлука за статусот на Косово по окончување на оваа рунда преговори на 10 декември.

“Сигурен сум дека во декември не треба да се очекуваат спектакуларни одлуки. Најрано во јануари може да дојде до некаква реакција на Приштина на извештајот кој Тројката ќе му го поднесе на Советот за безбедност на ОН”, смета српскиот екперт Душан Рељиќ.