Рецепти од „домашната аптека“ во сезоната на настинките
Овие рецепти од „домашната аптека“ се проверени и функционираат беспрекорно. Особено во студената сезона, тие се ефикасни во борбата против настинките.
За моќта на волнените чорапи
Студените екстремитети честопати се првиот знак за настинка. Затоа, дебелите чорапи од волна и домашните влечки дефинитивно треба да имаат место во нашата гардероба. Многумина се сомневаат во превентивниот ефект на чорапите од волна, но дури и самиот предлог му помага на организмот да се бори со студот - знаеме дека плацебо ефектот има голема моќ.
Ползата од сауната
Сауната и парната бања можат да имаат чудесен ефект - тие го зајакнуваат имунолошкиот систем, но само кога се користат правилно. На високи температури не е препорачливо да влезете во сауна. За течењето на носот и настинката, сепак, прави чуда: наизменичното топло и ладно ја подобрува слузната обвивка.
Животна топлина
Човечкото тело не треба да губи топлина. За настинки, болки во стомакот или за мускулна треска, препорачливо е да се загрее телото со електрична перница или со грејач за тело. Топлината помага при потењето и е драгоцен лек за секаков вид болка. Но, внимавајте: бидејќи е полн со топла вода, грејачот секогаш мора да биде добро затворен.
Лековитиот корен
Ѓумбирот игра централна улога во ајурведската и традиционалната кинеска медицина. Ѓумбирот е ефикасен лек за болка во грлото, вртоглавица и гадење. Може да се користи и за правење вкусен чај, кој во студената сезона има вистински витален ефект.
Добар апетит!
Корејците веруваат во чудесната моќ на кимчи - традиционално корејско јадење со ферментиран зеленчук, основна е зелката. И на други места во светот, киселата зелка се цени како ефикасен природен производ против настинка и болки. Киселата зелка е богата со витамин Ц и флавоноиди, помага при варењето и е ефикасен лек против вируси и микроби.
Билки за здравје
Покрај ѓумбирот, чај со лековити својства може да се направи и од жалфија, планински чај, нане и од многу други билки. Да, вкусот е посебен и понекогаш мислиме дека со еден билен чај сме ја испиле целата содржина на домашната аптека. Но, вреди.