1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Референдумот и уставот на Србија без влијание врз Косово

12 октомври 2006

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер изјави синоќа дека референдумот за уставот на Србија и самиот устав не менуваат ништо во однос на сегашната положба и идниот статус на Косово

https://p.dw.com/p/Adho
Шефот на УНМИК на Косово
Шефот на УНМИК на КосовоФотографија: UN

Во телевизиска емисија Рикер изјави дека процесот на утврдување на статусот,независно од уставните промени во Србија,ќе се води врз основа на ставовите на Контакт групата и со посредување на специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари.

Никакви промени во уставот на Србија нема да имаат влијание,истакна Рикер.По повод последните инциденти на Косово,шефот на УНМИК изјави дека има помалку инциденти и криминални дела во однос на земјите од опкружувањето и дека Косово според бројот такви дела е далеку под европскиот просек.

Тој исто така рече дека бројот кривични дела против припадниците на малцинствата е во постојано опаѓање.