1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Резолуција и Косово - Тадиќ пред ОН

Селена Петровиќ 24 септември 2008

Претседателот Борис Тадиќ се обрати пред Генералното собрание на ОН, барајќи подршка за резолуцијата на Србија со која од Меѓународниот суд на правдата се бара мислење за еднострано прогласената независност на Косово.

https://p.dw.com/p/FOBX
Претседателот на Србија Борис ТадиќФотографија: AP

Борис Тадиќ синоќа од земјите членки и формално побара подршка за недоамна поднесената иницијатива на Србија за оспорување на легитимитетот на косовската независност: „Вашиот глас за оваа резолуцијата ќе помогне повторно да се потврди уште еден клучен меѓународен принцип, што е доведен во прашање: правото на секоја држава членка на ОН на надлежниот суд да му постави елементарно прашање за нешто што го смета за суштински важно“ -нагласи Тадиќ.

Тој уште нагласи дека гласањето против иницијативата, всушност би бил глас, кој би и оневозможил право на која било држава сега или во иднина да побара правна заштита преку системот на ОН.

Шансите за успех не се мали, но далеку од успех

Говорот на претседателот на Србија наиде на добар прием, истакна за ДВ шефот на дипломатијата на Србија, Вук Јеремиќ: „Можам да кажам дека успеавме во наметнувањето на темата. Косово е една од најзанимливите теми на ова Генерално собрание и можам да кажам дека по кулоарите на ОН се разговара за Косово и за резолуцијата на Србија. Мислам дека тоа е од извонредна важност.“

Unabhängigkeit Kosovo Serbiens Außenminister Vuk Jeremic nach dem Treffen des UN Sicherheitsrates
Јеремиќ: Косово е една од најзанимливите теми во ЊујоркФотографија: AP

Јеремиќ оцени дека шансите на Србија за успех на резолуцијата не се мали, но призна дека Белград и натаму е далеку од постигнување на целта: „И натаму секако имаме извонредно силен лоби против нашата иницијатива. Некои од најмоќните земји во светот и натаму силно се спротиставуваат на нашата иницијатива. Ние направивме Косово да не биде заборавено, светот да види да доживее и уште еднаш да го согледа огромниот проблем, кој потенцијалниот преседан со Косово го претставува за меѓународниот мир и стабилноста. Јас се надевам на успех, но и натаму сме далеку од ситуација во која би можеле да прогласиме успех.“ -истакна Јеремиќ.