1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расправа во ЕП за Косово

6 септември 2006

Во виенската палата, Даун Кински, во четврток и петок продолжуваат разговорите за Косово. Учесниците на разговорите веќе предупредија – не треба да се очекува голем чекор напред. И овојпат тема се децентрализацијата, границите на новите општини, црковното и културното наследство. Шефот на српскиот преговарачки тим, Слободан Самарџиќ, изјави дека не очекува специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари,

https://p.dw.com/p/Adi8
Косово
КосовоФотографија: DW

на 22 септември во Њујорк да даде предлог за идниот статус на Косово. За статусот, како што пак денеска во Европскиот парламент во Стразбур, изјави европскиот комесар, Оли Рен, клучна ќе биде заштитата на Србите.

Европскиот комесар за проширување, Оли Рен, смета дека решението за статусот на Косово би требало да се најде до крајот на годината и дека во тоа суштински важна е заштитата на малцинствата, а пред се на Србите. Повеќемина европски пратеници нагласија дека преку решението на статусот на Косово мора да се гарантира и тоа дека нема да има опасни внатрешно-политчки последици за Србија. Оценето е дека прекин на преговорите за приклучување на Србија кон ЕУ би била голема грешка и дека ако на Србија не и се помогне постои опасност на власт во земјата да се вратат силите врзани за поранешниот претседател, Слободан Милошевиќ. Оли Рен најави дека за идната работа на претставниците на ЕУ на Косово е нужно да издвојат повеќе пари од буџетот на унијата, отколку што досега беше предвидено. ЕУ и Светската банка, според негови зборови, ќе направат стратегија на економски развој на Косово и по решението за статусот треба да бид еорганизирана донаторска конференција за собирање средства за развој на покраината.

Претставниците на главни политички групи во Европскиот парламент се заложија за тоа Косово да добие условна независност или ограничен суверенитет, но подвлечено е дека стабилно решение мора да значи и дека е гарантирано почитувањето на правата на малцинствата. Решението за Косово, според парламентарците, не смее да биде наметнато, туку треба да биде достоинствено. Говорејќи за она што досега го сработи цивилната управа во покраината, европарламентарката, Дорис Пак, рече:

“УНМИК во последните години сигурно направи добри работи, но направи и многу грешки. Веројатно во текот на создавањето на цивилната управа на Косово нешто друго и не е можно.“