1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расмусен повикува на воздржаност на Косово

15 септември 2011

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, кој се наоѓа во посета на Косово, денеска изјави дека Алијансата е против едностраните дејства, нагласувајќи дека нема враќање кон старата ситуација.

https://p.dw.com/p/12ZnN
Расмусен (л.) на денешната прес-конференција со ТачиФотографија: DW

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, денеска во Приштина повика на продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина. На прес-конференција по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи, Расмусен ги повика сите лидери да се воздржат од еднострани дејства и да дадат свој придонес за побезбедна иднина.

Тој го поздрави дијалогот меѓу Белград и Приштина и досега постигнатите резултати, додавајќи дека успехот на овој процес е од решавачко значење за иднината на Косово и целиот регион.

„Никој нема да има полза од враќањето на насилството од минатото. За жал, ова лето видовме колку брзо може да се зголеми тензијата. Инцидентите се лоши за Косово и се јасен удар врз постигнатиот напредок“, истакна Расмусен.

Во врска со мисијата на НАТО, КФОР, тој нагласи дека нејзиниот мандат е да обезбеди мирна и безбедна животна средина, што значи дека КФОР треба да дејствува доколку биде во опасност оваа околина.

„Дел од мандатот на КФОР е исто така да им обезбеди слобода на движењето на граѓаните и на силите на мисијата, доколку тоа е неопходно“, истакна Расмусен.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: А. Трајковска