1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разликите за Косово остануваат

Силвера Падори11 јануари 2008

Шефовите на дипломатиите на Германија и Србија Франк Валтер Штајнамаер и Вук Јеремиќ беа истомисленици за идното брзо доближување на Белград кон ЕУ. Разликите останаа меѓутоа по однос на Косово

https://p.dw.com/p/CnwA
За Белград мисијата на ЕУ на Косово е прифатлива со одлука на Советот за безбедностФотографија: AP

Словенечкото претседателство со ЕУ до 28 јануари треба да одлучи околу приближувањето на Србија кон Унијата и потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Ова беше една од темите за кои во Берлин разговараа министрите за надворешни работи на Германија и Србија Франк Валтер Штајнмаер и Вук Јеремиќ. До тогаш треба да се потврди дали Србија ја почитува целосната соработка со Хашкиот трибунал, а ќе треба да се испочитува и единството на Европејците по ова прашање истакна Штајнмаер, според кого, доколку се потпише спогодбата тоа ќе биде напредок во интерес на сите. Сепак тој смета дека пред донесувањето на одлуката би било можеби најдобро да се замоли новиот обвинител на Хашкиот трибунал да даде своја слика за соработка на Србија со Судот.

И шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ на прес конференцијата изјави дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Србија и ЕУ треба да се потпише што поскоро. Таа работа ќе биде направена порано или подоцна смета Јеремиќ кој повтопри дека Србија прави се што е во нејзина можност за соработка со Хашкиот тринубал.

По однос на Косово, разликите меѓу двајцата министри, односно српската и германската страна останаа. Штајнамер мисијата на Тројката и дополнителните 120 дена преговори меѓу српската и косовската страна ги оцени како неуспех. Јеремиќ, пак, ги оквалификува како успех, иако не целосен. За него компромисот е клучен. Тој изјави дека не може да се сопре историјата, алудирајќи на најавеното февруарско прогласување независност на Косово. Околу идната мисија на ЕУ на Косово ,која последниве денови беше критикувана од дел од сропското раководство Јеремиќ изјави таа е добредојдена од Белград доколку за неа има легална рамка и одлука на Советот за безбедност.