1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин - решението за Косово мора да ги задоволи двете страни

22 јануари 2007

Решението за Косово мора да ги задоволи и Белград и Приштина, смета рускиот претседател Владимир Путин, кој смета дека решението за Косово би можело да биде преседан за решавање на слични судири во поранешниот Советски Сојуз.

https://p.dw.com/p/Adgj
Владимир Путин
Владимир ПутинФотографија: picture-alliance/dpa

Косовското прашање бргу би можело да се претвори во поголема надоворешно-политичка криза – може да се чуе во Брисел, со оглед дека рускиот претседател Владимир Путин вчера уште еднаш стави до знаење дека решението мора да ги задоволи обете страни и Белград и Приштина. Тој оваа изјава ја даде по неколку часовната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во руското одморалиште на Црното Море Сочи.

“Наметнувањето на одлука што ќе се однесува на идниот статус на Косово е недопустливо ”- рече Путин на заедничката пресконференција. Тој нагласи дека Русија не е однапред насочена против предлогот на специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари, но долгорочно решение за тој проблем може да биде постигнато само доколку биде прифатливо и за Белград и за Приштина. Германската канцеларка Меркел пак рече дека не би сакала напорите за решавање на статусот на Косово да доведат до дестабилизација на ситуацијата во Србија.

Според рускиот претседател решението за Косово може да биде преседан за решавање на слични судири во земјите од поранешниот Советски Сојуз „Ако ние го решиме проблемот на Косово, таа одлука мора да биде применета и во слични случаи на просторот на поранешниот Советски Сојуз. Истото може да се однесува и на некои европски земји – истакна Путин додавајќи дека токму затоа е потребен врамнотежен пристап во решавањето на косовското прашање.