Путин го критикува Западот
14 февруари 2008Сите поставени цели се постигнати - порази нема, вака претседателот Владимир Путин ја почна својата прес конференција за билансот за своето работење како претседател на Русија.
На неа Владимир Путин и со критика за однесувањето на западните земји по однос на прашањето за Косово „Сметаме дека поддршката за еднострано прогласување независност на Косово без согласност на Србија е неморална и неправедна.“ рече Путин во Москва и подвлече дека територијалниот интегритет на државите се чува преку принципите на меѓународното право. Путин укажа и на големиот број спорни територијални прашања во Европа, а толкувањето дека Косово било специјален случај го означи како „Лага“. Рускиот претседател најави и дека Русија и натаму ќе пружа отпор против прогласувањето на независност на Косово и дека Русија случајот ќе го изведе пред Советот за безбедност.
Остри зборови Путин упати и за намерата на САД да постават ракитен штити во Полска и Чешка „Што е демократија? Тоа е мислењето на народот. Но прашани ли се Чесите и Пољаците дали ги сакаат американските ракети во нивната земја. Не никој не ги прашал. Не се прашани дури ни членовите на НАТО.“ рече Путин.
На внатрешен план најважна задача за Русија за наредните години ќе биде борбата против инфланцијата, подвлече рускиот претседател пред околу 1300 руски и странски новинари во Москва.
Владимир Путин, чиј мандат истекува во мај година, уште еднаш му даде поддршка на Дмитриј Медведев како негов наследник. Според уставот Владимир Путин не смее да настапи по третпат на изборите кои треба да се оддржт на втори март.