1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пукотница во базата Форт Худ

АТ/ ртр/афп/дпа/апе/миа3 април 2014

Во американската воена база Форт Худ повторно дојде до пукотница со жртви и повредени. Инцидентот ги буди сеќавањата на крвавиот напад пред четири години.

https://p.dw.com/p/1BaVo
Фотографија: Reuters

Според првичните сознанија, сторителот убил три лица и повредил 16 лица, по што се застрелал самиот, соопшти командантот на базата Марк Мили. Во нападот е користен полуавтоматски пиштол .45 ACP. Нема индиции за терористичка позадина на нападот.

Претседателот Барак Обама во Чикаго изјави дека ситуацијата детално се следи. Обама потсети на инцидентот во базата во Форт Худ во 2009 година, кога беа убиени 13 луѓе, а 30 беа повредени. Повеќето од жртвите беа војници. „Ни се крши срцето, што вакво слично нешто се случи повторно“, изјави Обама. Министерот за одбрана Чак Хејгл изјави дека ова е „страшна трагедија“.

Мотивите за нападот се нејасни

Мотивите за нападот во базата засега се неразјаснети. Сторителот во 2011 година служел во Ирак. Тој не страдал од пострауматски последици, но имал ментални проблеми и бил на медицински третман.

За време на пукотницата во базата владеел страв, биле вклучени сирените и луѓето преку разглас биле повикани да се засолнат на безбедно место, јавуваат американските медиуми.

Форт Худ е најголема американска база во светот. Таа се наоѓа на 100 километри северно од главниот град на државата Остин и се простира на 880 квадратни километри. Во неа работат 45.000 војници и околу 9.000 службеници.