1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести против независноста на Косово

21 февруари 2008

Повторно немири на границата меѓу Косово и Србија. Белград се подготвува за големиот протестен митинг протв независно Косово.

https://p.dw.com/p/DBF7
Фотографија: AP Photo

Агенциите јавуваат дека група српски воени ветерани на граничниот премин Медаре со камења и запалени гуми ги нападнале косовските полицајци. На помош веќе се пристигнати голем број припадници на чешкиот контингент на КФОР во обид да се спречи повторување на настаните од пред два дена кога беа нападати два премина. Во меѓувреме во Белград се собира огромна маса луѓе на протести против независноста на Косово.

Протестниот митинг под мото „Косово е Србија„ започнува во 17 часот пред зградата на Парламентот во Белград. Таму е поставена огромна бина на која пред присутните ќе зборуваат премиерот Воислав Коштуница и заменик претседателот на Српската радикална партија, Томислав Николиќ. Најавено е присуство и на премиерот на Република Српска, Милорад Додик.

Политичките лидери ги повикаа граѓаните мирно и достоинствено да го изразат протестот кон независноста на Косово. Во Белград веќе од утрината се собрани голем број на луѓе кои пристигнуваат од целата земја. Училиштата се затворени, а државната железница обезбеди бесплатен превоз. Организаторите најавија и протестен марш со крајна дестинација, Храмот на Свети Сава, каде ќе биде одржан молебен. На протестниот митинг нема да присуствува српскиот претседател Борис Тадиќ, кој денеска е во Романија. Романскиот претседател Трајан Басеску побарал од Тадиќ, Србија да не се самоизолира и да продолжи со дијалогот со западот. Тадиќ од своја страна повторил дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Србија според него не ги прекинува односи со земјите кои го признале Косово, туку го намалува нивото на дипломатските односи. Инаку Тадиќ деновиве предупреди протестниот митинг во Белград да не се користи за дневно политички цели.