1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжување на мандатот на германските војници на Косово

ЕМФ/дпа2 мај 2012

Мандатот на војниците на Бундесверот кои се ангажирани на Косово треба да биде продолжен за една година. Германската влада денеска донесе одлука за натамошен ангажман на околу 1850 војници.

https://p.dw.com/p/14o4T
Фотографија: AP

Во моментов на Косово се стационирани околу 6200 војници на КФОР. Контингентот на германски војници е најголем - 1200. Од нив околу 500 се во резервниот баталјон. За денешната (02.05) одлука на германската влада зелено светло е неопходно да даде и парламентот во Берлин. Се смета дека одлуката ќе биде донесена со големо мнозинство гласови до крајот на мај. Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт денеска оцени дека состојбата на Косово е генерално „мирна и стабилна“, што „радува“. Сепак, северот на Косово останува „агол со извесен потенцијал за ескалација“. Затоа присуството на КФОР е и натаму неопходно.

Поради растечките тензии пред изборите во Србија на 6. мај, Бундесверот пред десетина дена најави дека ќе испрати дполнителни сили на северот на Косово. Експертот за одбранбено-политички прашања во редовите на опозиционата СПД, Рајнер Арнолд, предупреди дека е можно преоптоварување на германската армија. „Најлошо би било губење на довербата на војниците во воените и полиитчките задачи“, изјави тој денеска за „Берлинер Цајтунг“.