1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Премиерката Братушек поднесe оставка

БГ/макфакс5 мај 2014

Претседателката на словенечката влада, денеска за својата оставка ги информираше претседателот на државата Борут Пахор и на парламентот, Јанко Вебер. Се најавуваат предвремени избори.

https://p.dw.com/p/1Btp1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Словенечката премиерка Аленка Братушек денеска поднесе оставка на функцијата, а како причина се наведува поразот на внатрепартиските избори во „Позитивна Словенија“ од градоначалникот на Љубљана и основачот на оваа партија, Зоран Јанковиќ.

По состанокот со коалициските партнери на Брдо кај Крањ во саботата, Братушек соопшти дека заедничкиот заклучок бил оти за Словенија би било најдобро предвремените избори да бидат организирани што поскоро, ако е можно дури и пред летото.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, Братушек изјавила дека политичката ситуација не е причина „за паника“, бидејќи нејзината влада ги стабилизирала јавните финансии, а прогнозите за економијата до крајот на годината се многу подобри отколку порано.

„И постигнатите резултати и прогнозите покажуваат дека Словенија е на пат кон успехот“, додала Братушек.

Словенечката опозиција сепак упатила критики за одлуката на Братушек, сметајќи дека словенечката премиерка требала да поднесе оставка веднаш откако ги загуби изборите во партијата.