Прекори од странство, поддршка дома за Владимир Путин
29 септември 2004Групата западни политичари на Путин му припишува систематско кратење на слободата и независноста на печатот, уништување на меѓусебните контролни механизми во рускиот федерален систем, самоволни апсења на политички ривали и бришење на кандидати од избирачките ливчиња. Меѓу потписниците се и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, некогашниот американски дипломат Ричард Холбрук, како и германските политичари Рајнхард Битикофер од Зелените и Фридберт Пфлигер од ЦДУ.
Путин, пак, доби поддршка на домашен план: на средбата со претставниците на религиозните организации главна тема беше борбата против меѓународниот тероризам. Претседателот на Координативниот центар на муслиманите од Северен Кавказ и муфтија за регионот на Черкезија и Ставропол Исмаил Бердиев му се обрати на претседателот: “Во име на традиционалните муслимански религиозни организации на Русија ви ја пренесувам нашата целосна поддршка за вашите решителни чекори за обезбедување на единството на државата и за спречување на терористички акти. Интернационалниот тероризам и‘ објави војна на Русија. Сите ние заеднички мораме него да го сузбиваме” - рече Бердиев.