Предизвикувачите на Обама се острат
30 декември 2011Тој е меѓу водечките во анкетите но тоа не е вистинска љубов. Попрво тоа е брак од интерес меѓу Мит Ромни и републиканските гласачи во Ајова
Поранешниот гувернер на Масачусетс за многумина овде не е доволно конзервативен- но има далеку најдобри шанси да го победи претседателот Обама.
„Претседателот рече дека сака темелно да ја трансформира Америка. Но јас ја сакам Америка и не сакам да биде трансформирана во нешто друго. Не сакам да стане како Европа: Не сакам голема администрација и се’ поголеми даноци и поголем долг да ги оптоварува нашите граѓани“, порача Ромни во Ајова.
Меѓу брак од интерес и конзервативна страст
Намалување на долговите. Тоа е вистинскиот слоган кај републиканците. Сеедно дали Њут Гингрич или Мишел Бахман - сите удираат на тоа ѕвоно. Покрај тоа некои се обидуваат да се претстават единствените вистински конзервативци. Рик Сенторум дури го снимаа како лови фазани- со капа на влијателното Национално здружение за огнено оружје.
Такви медиумски трикови нему не му се потребни. Конгресменот од Тексас, Рон Пол веќе со децении важи за екстремно конзервативен. Тој е против абортусот, против Федералните резерви, против обврзувачкото здравствено осигурување. Многумина го нарекуваат „Доктор Не“ но приврзаниците го обожуваат.
„Луѓето сакаат целосно поинаква промена, нешто поинакво. А тој е поинаков и затоа го сакам“, вели една приврзеничка на Рон Пол.
И навистина во Ајова, Пол повеќе или помалку е изедначен со Ромни. Републиканските гласачи во оваа сојузна држава наредната недела за првпат можат да одлучат меѓу бракот од интерест и конзервативната страст.
Автор: Макс Хофман/ Симе Недевски
Редактор: Борис Георгиевски