1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремени парламентарни избори во Словенија

СН/ам/дпа/афп/миа13 јули 2014

Словенците денеска (13.07.) по вторпат за помалку од 3 години избираат нов парламент. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат околу 1,7 милиони Словенци. Најголеми шанси за победа има една нова партија.

https://p.dw.com/p/1Cbyv
Фотографија: Reuters

Во Словенија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои Словенците ќе ја изберат третата влада во изминатите три години.

Изборите беа распишани откако премиерот Аленка Братушек по само 13 месеци на чело на владата го загуби лидерското место во владејачката партија Позитивна Словенија и поднесе оставка.

Според анектите на прво место се наоѓа новата Партија на професорот по право Миро Церар, која беше основана во јуни годинава.

Сепак Церар тешко дека ќе освои мнозинство гласови, поради што се очекува формирање нова коалициска влада. Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Нинамедија“ покажува дека Партијата на Миро Церар може да очекува 31,3 проценти, Словенечката демократска партија на Јанез Јанша 23,4 отсто, а ДеСУС околу 11 проценти од гласовите.