1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за Косово

9 август 2006

Србите на Косово на преговорите за правата на малцинствата во Виена одбија да присуствуваат. Спротивставените ставови и натаму преовладуваат во преговорите. Коментар на Верица Спасовска

https://p.dw.com/p/AdiQ
Ахтисари со лидерите на косовските Срби
Ахтисари со лидерите на косовските Срби

Бојкотот на косовските срби не претставува изненадување. Уште од почетокот на преговорите за идниот статус на оваа автономна провинција во март годинава се навикнавме на непомирливото соочување на спротивставените ставов на двете страни. Меѓународните посредници добро знаат дека прашањето за правата на малцинствата е деликатна ситуација, која крие многу запаллив потенцијал. Токму затоа на оваа рунда преговори тие не сакаа да зборуваат за правата на малцинствата туку за правата на националните заедници. Ако косовските срби сега не се подготвени на вакви компромиси тогаш тоа фрла уште една сенка врз и онака развлечените преговори.

Многу поважна е веста дека разговорите продолжуваат. Екстремните хард лајнери ја напуштија преговарачката маса, останаа други срби под водство на српскиот премиер Воислав Коштуница и тоа веќе половина година во која не дојде до суштински напредок.

Ако србите продолжат со преговорите тоа значи дека тие сепак сакаат да ги разјаснат работите, без разлика каква ќе биде одлуката на советот за безбедност за Косово. Тоа значи дека тие сакаат сами да влијаат врз преговорите, што е подобра солуција отколку принудно решение. Конкретно станува збор за идната децентрализација на Косово. Додека косовските албанци настојуваат да ги централизираат сите структури на управа, косовските срби тежнеат кон се` посилна поврзаност со паралелните структури во Белград кои и ги финансираат.

Никој сериозно не верува дека спротивставените страни во Виена ќе се договорат околу ова прашање. Напротив сите набљудувачуи веруваат дека советот за безбедност ќе се одлучи на таканаречена условна независност со рокови и меѓународно присуство. Владата во Белград ќе поднесе приговор со цел на сопствените бирачи документирано да им приложи дека сторила се што е во нејзина моќ.

Од клучно значење ќе бидат отстапките кои меѓународната заедница ќе му ги понуди на Белград за да му ја олесни загубата на Косово. Доколку сака да ја зачува својата веродостојност тоагаш меѓунартодната заедница мора да го исполни ветувањето и да продолжи со процесот на приближување на Србија кон евроатлантските структури. На Србија, повеќе од кога било досега и е потребна јасна перспектива за влез во ЕУ. Само тоа ќе придонесе за слабеење на радикалните сили и по години изолираност јакнење на надежта за пресврт кај младите.