1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за Косово не можат ништо да донесат

5 ноември 2007

Албер Роан,заменикот на специјалниот пратеник на ОН за косовското прашање е скептичен во исходот на преговорите за Косово ,во интервју за Дојче Веле ги изнесува своите ставови за спорот.

https://p.dw.com/p/C1bR
Роан-мала е опасноста од воен конфликтФотографија: AP

На прашањето со какви очекувања оди денес на преговорите во Виена за идниот статус на Косово,Албер Роан не го крие песимизмот:

„Не со големи,зашто целиот преговарачки процес за жал треба да нуди последна можност двете страни да отстапат од своите ригидни позиции,но шансите се помалку од мали.Двата концепти кои се исклучуваат едениот со другиот,не може воопшто да се поврзат.“

На прашањето зошто тогаш воопшто се преговара и натаму,Роан вели дека сепак се користи можноста во случај да се случи чудо и некоја од страните во конфликтот,Белград или Приштина,да го смени ставот.И,зашто тие сепак треба да живеат едни покрај други стотици години,сакале или не,на оваа тема се концентрира Ишингер.

Тоа што вирусот на Косово сега се префрла и во БиХ,во четвртокот поднесе оставка премиерот на Република Српска, и дали тоа ќе има влијание врз денешните преговори,дали тоа ќе ја зајакне позицијата на Србија,Роан смета:

„Ставот на Белград во однос на прашањето на Република Српска во БиХ е многу негативен,српскиот премиер Коштуница го јакне бунтот на босанските Срби против напорите на меѓународната заедница,што е веројатно дел од стратегијата,но на преговорите за Косово тоа нема да има никакво влијание“,тврди Роан.

Мала опасност од воени конфликти

Тој не гледа ниту опасност во регионот да дојде до евентуални воени конфликти:

„Верувам дека опасноста од големи воени судири не е голема.Она на што мора да се смета се помали акции во северно Косово или во јужна Србија.Но,се разбира дека многу ќе зависи од тоа како ќе се држи Белград,дали ќе покаже разумност или ќе ја подгрева ситуацијата.како што прави во Босна и Херцеговина.“

Како долгогодишен искусен дипломат,Роан преговорите за Косово ги напушта со нова научена лекција,а поуката гласи:

„Еден меѓународен конфликт не може да се реши на преговарачка маса ако не постојат минимум политички желби,а тоа во случајов очигледно недостасува.

ОН сега се поставени пред изборот да го остават конфликтот нерешен,со сите негативни консеквенци,или во форма на порамнување,при кое двете страни ќе бидат принудени и каде едната можеби нема да биде согласна со тоа.Овој пат за жал е реалност,смета Роан:

„Човек не смее да ја скрува главата во песокот и да се надева дека ситуацијата ќе се подобри за година или две.Тоа нема да се случи.Опцијата е спорот да се реши сега,колку и да е тоа непријатно.Или да се остави отворен,а тоа ќе биде уште понепријатно“,тврди Роан.