1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Малта ја легализираше марихуаната

СН/агенции
15 декември 2021

Парламентот во Валета со 36 гласови „за“ наспроти 27 „против“ усвои закон кој им дозволува на возрасните да користат и да одгледуваат канабис за лична употреба. Но, законот не ја легализира трговијата со дрога.

https://p.dw.com/p/44HC2
Cannabiskonsum  | Symbolbild
Фотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

Малта стана прва земја во ЕУ која легализираше одгледување и лична употреба на канабис. Според законот усвоен вчера во парламентот во Валета, на полнолетните ќе им биде дозволено да носат до 7 грама канабис, а не смеат да одгледуваат повеќе од 4 билки дома. Но, пушењето во јавност или пред деца нема да биде дозволено.

Министерот за рамноправнст, Овен Боници, рече дека „историскиот“ потег ќе спречи оние кои користат помали колични да бидат кривично гонети и ќе се „заузди трговијата со дрога со тоа што ќе се осигура дека [корисниците] сега имаат безбеден и регулиран начин да добијат канабис“.

Меѓутоа, малтешката опозициска Националистичка партија гласаше против промените. Во октомври нејзиниот лидер, Бернард Греч, кој на почетокот го поддржа новиот закон, предупреди дека тој „само ќе допринесе до посилен легален пазар“ и оти најголема полза ќе имаат организираните криминални групи.

Зградата на парламентот на Малта во главниот град Валета: Место на историска одлука кога е во прашање легализацијата на канабисот
Зградата на парламентот на Малта во главниот град Валета: Место на историска одлука кога е во прашање легализацијата на канабисотФотографија: Ian Murray/imageBroker/picture alliance

Според промените, секој кој со себе носи повеќе од 7 грама, но помалку од 28 грама, може да биде казнет до 100 евра. Казната за пушење во јавност ќе изнесува 235 евра, а оние кои ќе пушат канабис пред малолетници можат да бидат казнети до 500 евра.

Повеќе: Новите патишта на канабисот

Ќе бидат основани здруженија за дистрибуција на дрога или за семе за одгледување канабис, со што ќе се регулира колку некој купува, а ќе може да се биде член само на едно здружение.

Закони за легализирање на канабис ширум светот

Уругвај беше првата земја во светот која легализираше канабис за лична употреба во 2013 година, а потоа Канада во 2018 година.

Одлуката на Малта, најмалата земја членка на ЕУ, веројатно ќе биде само првата во низата, бидејќи Обединетите нации минатата година донесоа прописи за на канабисот да му се отвори пат за употреба во медицински цели.

Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

Владите на Луксембург, Германија и на Швајцарија највија воспоставување законски регулиран пазар на канабис.

Канабисот и натаму е технички легален во Холандија, но се дозволува продажба во кафулиња, таканаречени кофи шпопови.

Италија ќе одржи референдум по тоа прашање наредната година, додека Јужна Африка, Мексико, Јамајка, Тајланд и многу американски сојузни држави веќе имаат слични закони.