1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнаа последните часови од битката за Мосул

ЕМФ / дв
8 јули 2017

Ирачките безбедносни сили, според сопствени наводи, го имаат речиси целосно вратено под своја контрола упориштето на Исламска држава - Мосул.

https://p.dw.com/p/2gC5v
Irak | Gefecht in Mossul
Фотографија: REUTERS/A. Al-Marjani

Старото градско јадро на Мосул, според наводи на ирачките безбедносни сили, е речиси целосно во нивни раце. Терористичката милиција „Исламска држава“ (ИД) држи уште многу мал дел од овој дел на градот. „Од реката Тигар сме оддалечени само неколку метри“, соопшти претставник на ирачката армија. Тој додаде дека има голем напредок во повторното освојување на градот.

За офанзивата на ирачката армија известува ирачката телевизија, а агенцијата Ројтерс јавува за артилериски и воздушни напади врз последните позиции на ИД. Еден од командантите со офанзивата изјави дека последните борби се многу тешки поради жестокиот отпор. Екстремистите на ИД употребуваат атентатори самоубијци против напаѓачите, изјави тој.

Највисокиот по чин полициски командант, Раид Шакир Џаудат, изјави дека неговите единици исполниле 99 проценти од воената задача во Мосул. Почнаа „последните чесови“ од борбата за градот, рече тој.

Irak | Gefecht in Mossul
Фотографија: REUTERS/A. Saad

Мосул е последното големо упориште на Исламска држава во Ирак. Екстремистите го зазедоа милионскиот град на северот на Ирак пред околу три години. Минатиот октомври ирачките владини сили започнаа офанзива за потворно заземање на градот. Тие имаат поддршка од воздух од Анти-ИД коалицијата. Во подрачјето каде што се водат борби се заглавени илјадници цивили.