1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребно е брзо и оддржливо решение за Косово

12 јуни 2007

Верица Спасовска ја коментирај изјавата на американскиот претседател Буш, дека крајна цел е независност на Косово.

https://p.dw.com/p/Aw4J
Џорџ Буш во АлбанијаФотографија: AP

На американскиот претседател Буш му успеа да ја врати на дневен ред темата којашто со месеци се турка под килим. Прашањето за независност на Косово е всушност е темпирана бомба за ЕУ и добро е што американскиот претседател повторно го стави на маса пред политичарите ова нерешено, а егзистенцијално прашање за Европејците. Истовремено кај албанското население во покраината расте незадоволството, а невработеноста од која најмногу се погодени младите, достигна огромни бројки. Колку што е понеизвесна политичката ситуација, толку е поголем конфликтниот потенцијал.

Дека притиска времето, кажа и германската канцеларка Ангела Меркел уште на средбата на Г8 во Хајлигендам. Решението за конфликтот може да не биде успешно, рече таа, ако се остави времето само да проаѓа и ако не се стори ништо.

Тогаш е можно да се повторат слични насилства како од пролетта 2004, кои ги организираше албанското население. Ако се случи ескалација на насилство, тогаш ќе биде тешко и за трупите на КФОР, да се дискредитираат од соодветна воена акција.

Веќе две години на меѓународен план се водеа преговори за иднината на Косово. Сега на маса стои планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари. И покрај постојаните напори да се пронајде решение меѓу спротивставените страни, разговорите водени под меѓународно посредништво пропаднаа. Напредокот на процесот сега е блокиран и со барањето на рускиот претседател Путин, кој сака да се пронајде решение прифатливо за двете страни. Предупредува дека промена на државните граници може да биде преседан за слични конфликтни региони. Тука не спаѓа само Чеченија туку и Баскија и Каталонија. Но, иако руското вето може да биде мелем за душата на одредени српски политичари, поновата историја покажа дека Москва и покрај блискоста со Белград, не сака да влезе во конфликт со Западот. Во овој покер, таа само сака да се покаже како моќна светска сила, без која решението не може да биде донесено. Косово и сега, де факто е независно, иако е под меѓународна управа. Тешко е да се поверува дека е можно повторно да заживее државната заедница, којашто веќе осум години нема никакво значење. Сосема прагматично гледано, Србите од економски аспек не се во ситуација да се грижат за Косово, а особено нема да може да се справат со растечкиот криминал во покраината.

Очигледно на српските политичари им е важно само да не си го извалкаат образот кај своето население, водејќи се од мотото: направивме се што е во наша моќ за да го задржиме Косово!

Би било подобро да добијат храброст и еднаш на народот да му ја кажат вистината.