1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребни се квалитетни преговори за Косово

6 август 2007

Пред Хашкиот Трибунал денеска започнува доказната постапка на одбраната на судењето на поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ, обвинет за воени злосторства над косовските Албанци во 1999 година .

https://p.dw.com/p/BQLn
Милан МилутиновиќФотографија: AP

Во Трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија, бранителите на поранешниот српски претседател денеска треба да одржат краток воведен говор, а потоа треба да го повикаат првиот сведок на одбраната. Заедно со Милан Милутиновиќ обвинети за присилно разместување депортација и прогон на околу 800 илјади Албанци од Косово во првата половина на 1999 година се обвинети уште и тогашниот потпретседател на владата на Сојузна Република Југославија, Никола Шаиновиќ, како и генералите, Драгољуб Ојданиќ, Небојша Павковиќ, Владимир Лазаревиќ и Сретен Лукиќ.

Во наредните неколку недели, одбраната ќе се обиде со изведување на голем број сведоци да докаже дека шестемина не се виновни за злосторствата за кои ги товари обвинителството во Хашкиот Трибунал. Судењето на Милутиновиќ и на сообвинетите започна на 10 јули 2006-та година. Обвинителите завршија со изведување на доказите против обвинетите на почетокот од мај годинава.

Средба Тадиќ - Штајнмаер

Осум години по војната на Косово, сеуште трае и неизвесноста околу тоа каков ќе биде идниот статус на српската покраина. Атуелниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, во таа насока на вчерашната средба со германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, истакна дека за Србија е неприфатлива каква и да е форма на независност на Косово. Тадиќ и Штајнмаер во швајцарскиот град Аскони разговараа пред се за продолжување на преговорите за идниот статус на Косово како и за претстојната посета на Белград на преговарачката тројка .

Српскиот претседател притоа истакна дека со тројцата преговарачи на Контакт групата е потребно да се дефинираат формата и начинот на кој ќе се води новата рунда преговори.

“Преговорите мораме да ги унапредиме во квалитативен смисол , бидејќи претходните преговори водени од страна на марти Ахтисари не дадиа резултати”- истакна Борис Тадиќ. Според него , Белград е подготвен на секој друг компромис кој не го доведува во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија .

Српскиот претседател нагласи дека за Косово е потребно да се пронајде обострано прифатливо компромисно решение кое не го доведува во прашање суверенитетот на Србија.

Тадиќ истакна и дека кога повеќето земји, кога започнале преговорите за иднината на Косово во Виена, ја имаа предвид независноста на Косово како решение, но оти денес ситуацијата е поинаква.