1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребна е јасна стратегија за земјите од Западен Балкан

Тони Гламчевски4 октомври 2006

Новиот извештај на парламентрнотот собрание на Советот на Европа, јасно ја поцртува европската перспектива на земјите од Балканот.

https://p.dw.com/p/AdnK
Советот на Европа во Стразбур
Советот на Европа во СтразбурФотографија: picture-alliance/ dpa

Парламентарното Собрание на Советот на Европа во усвоената резолуција, ги повикува земјите од Западен Балкан да ги исполнат своите обврски преземни при зачленувањето во Советот на Европа и да се фокусираат на регионалната и локалната соработка. Побарано е и засилување на заедничката борба против организираниот криминал и илегалната имиграција кон ЕУ.

Како „држави од Западен Балкан“ во Резолуцијата се посочени Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија (заедно со Косово) и Црна Гора, но не и Хрватска.

Од меѓународната заедница, пред се од Европската унија, Парламентарното Собрание на Советот на Европа бара дефинирње јасна стратегија за земјите од Западен Балкан, понуда на јасни перспективи за регионот и признавање на напорите и напредокот на тие држави во изградбата на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и борбата против корупцијата, организираниот криминал и шверцот. Собранието, ја повика ЕУ да го либерализира визниот режим за Западнобалканските земји, преку издавање бесплатни визи, како и да ја поттикне размената на студенти и да даде јасни перспективи за евроинтеграција на државите од Западен Балкан, согласно одлуките на Самитот на Унијата во Солун.

Од НАТО, Парламетарното Собрание на Советот на Европа побара под итно да ги покани во Партнерството за мир земјите од Западен Балкан, кои досега не се вклучени во интегративните процеси на Алијансата, со што би се придонело за стабилноста на регионот.

ЕУ мора да им пружи јасна перспектива на балканските земји

Состојбата на Балканот не е онаква каква што сакаат повеќето европски политичар, но таа во основа е многу подобра од тоа што многумина го мислат и што се објавува во медиумите, истакна на почетокот на расправата унгарскиот пратеник Матијаш Орши. Според него, Европската унија мора да им пружи јасна перспектива на балканските земји околу нивната европска интеграција. „Европа и Европската заедница мораат да имаат јасна стратегија за земјите од регионот,“ нагласи Орши.

Од своја страна претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Рене ван дер Линден беше јасен: „Балканот треба да има добри перспективи да и се приклучи на Европската унија. Но најпрво балканските земји имаат за обврска да ги исполнат обврските кон Советот на Европа, а тоа се критеруимите од Копенхаген за членство во Европската Унија.“

Европската интеграција прво треба да се случи во земјите

Француската сенаторка Жозет Дурио беше подиректна.„Европската интеграција, како што тоа го рековме за Македонија, треба најпрво да се случи внатре во земјите, меѓу нивните општетства. За да станат мултиетнички држави. Потоа со вистинска соработка меѓу државите од регионот“.

Во досегашната расправа дојде до израз „исцрпеноста“ на старите земји членки околу процесот за проширување, што се одразува со инсистирањето на капацитетот за апсорпција. „Ние не сакаме да бидеме апсорбирани во Европа. Ние со векови сме европски земји. Ние сакаме преку реформи на нашите општества да бидеме составен дел на Европа“изјави Аднан Терзиќ премиерот на Босна и Херцеговина.

Дебата и за идниот статус на Косово

Во расправата не беше заобиколен и идниот статус на Косово, албанскиот премиер Сали Бериша, запрашан како гледа на можноста од создавање на нова албанска држава во регионот, одговори: „Сакам да ве осигурам дека во Приштина сите мислат да му се приклучат на Брисел, немам најдено ниту еден кој мисли да и се приклучи на Тирана“, Бериша смета дека треба да се почитува волјата на луѓето на Косово за независност.

Секоја земја ќе се оценува според сопствените достигнувања

Хрватска е издвоена од групата на земји од Западен Балкан, но не и Македонија иако се бара дека секоја земја ќе биде оценувана според нејзините лични достигнувања на патот кон ЕУ;

Шефот на македонската собраниска делегација при Парламентарнотот Собрание на Советот на Европа, Оливер Шамбевски за извештајот ни изјави: „Овој извештај е исклучително позитивен за Балканот. Јасно ја потцртува европската перспектива на сите земји од регионот. Ние како делегација, вчера, на расправата на комисијата за политички прашања имавме десетина амандмани од кои најголемиот број од нив беа прифатени. Ние интервениравме да не се зборува за Западен Балкан како целина, бидејќи како целинка тоа не постои. Тоа беше прифатено и сега во финалниот извештај стои „Земјите од Западен Балкан“ како географска одредница.“