1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последната битка за Триполи

23 август 2011

Бунтовниците и трупите на Моамер ел-Гадафи ги продолжија борбите во и околу Триполи. Наводно уапсениот син на Гадафи, Саиф ал-Ислам, се појави во Триполи.

https://p.dw.com/p/12LdH
Фотографија: dapd

Ерата на Гадафи заврши, изјави шефот на Преодниот совет на Либија Мустафа Абдул Џалил. Според него, Триполи речиси целосно е под контрола на бунтовнциите. Меѓу успесите на бунтовниците од почетокот на нападот врз Триполи се вбројува и заземањето на аеродромот во главниот либиски град. Според телевизијата Ал Арабија, која се повикува на порптарол на бунтовниците, аеродромот од синоќа е целосно под нивна контрола. Претходно стигна и информацијата дека единици на бунтовниците ја контролираат државната телевизија, која веќе не емитува програма.

Иако опозицијата ја контролира ситуацијата во поголемиот дел на Триполи, во некои делови на градот и натаму се водат жестоки битки. Страв предизвикуваат пред се’ снајперистите. Во воениот комплекс Бебел ал Зезија пак, трупите лојални на Гадафи се борат со тенкови, додека бунтовниците имаат поддршка од НАТО-трупите. Бунтовниците во цивилна облека ги пребаруваа деловите од градот што ги контролираат и тамошните јавни објекти, барајќи вооружени војници лојални на властодржецот. Тие уапсија еден од синовите на Гадафи. Сади ал-Гадафи, наречен „хулиган“, до 2003 година беше фудбалер во Италија. Саиф ал-Ислам пак, кого бунтовниците вчера наводно го уапсиле, неочекувано се појави во Триполи и демантира дека бунтовниците го контролираат главниот град. Освен во, жестоки борби се водат и околу Триполи.

Flash-Galerie Libyen Tripolis unter Kontrolle der Aufständischen Freude
Фотографија: dapd

Офанзивата на бунтовниците, која почна минатиот викенд, очигледно била планирана и подготвувана повеќе недели. Во неа учествуваа најмалку 4.000 бунтовници, кои во главниот град навлегоа од три страни. Истовремено, акција почнаа и бунтовнциите кои беа во самиот град.

Претставници на Африканската унија, Арапската лига и ЕУ, во четврток (25.08) или петок, треба да остварат средба во Њујорк, најави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Застапниците на т.н Контакт група за Либија пак, треба да се сретнат в четврок во Истанбул. На двете конференции се очекува да се разговара за мерките помош за обновата на Либија.


Автор: Јирген Стријак/ дв/ Александра Трајковска

Редактор:  Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема