1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Половина Норвешка вози на струја

БГ /АФП
5 јануари 2021

Норвешка стана првата држава во светот во која електричните возила сочинуваат повеќе од 50 проценти од новорегистрираните во 2020, покажуваат бројките објавени денеска.

https://p.dw.com/p/3nX2I
Norwegen Elektroauto-Boom
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Harms

Според анализата на норвешкиот Совет за сообраќај, електричните возила веќе достигнале удел од 54,3 отсто на пазарот на нови возила минатата година, зголемување во однос на достигнатите 42,4 проценти претходната 2019.

Четирите најдобро продавани модели во нордиската држава биле „Ауди и-трон“, „Тесла Модел 3“, „Фолксваген ИД.3“ и „Нисан Лиф“- сите целосно електрични.

Norwegen Oslo | Geparkte Elektroautos beim Aufladen der Akkus
Електро автомобили во ОслоФотографија: picture-alliance/ K. Nowottnick

Во декември, продажбата на електрични возила во Норвешка достигна нов рекорд од 66,7 проценти. Бројките биле зголемени благодарение на пристигнувањето на нови модели на возила, велат од Советот.

Малите електромобили во офанзива

Норвешка се обидува да стане првата држава во светот каде ќе запре продажбата на возила на бензин и дизел до 2025 година, и притоа ги ослободува целосно електричните возила од плаќање данок и други давачки.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема