1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Пожар во Тетово - Нема опасност од отровни гасови

Арбнора Мемети
30 мај 2022

Во Тетово се работи на локализирање на пожарот во просториите на фабриката за стиропор „Профикс“. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов информираше дека нема опасност од отровни гасови. Училиштата утре ќе продолжат со редовна настава. Претходно од општина Тетово апелираа до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови поради загадениот воздух.

https://p.dw.com/p/4C3LI