1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пожар во руска клиника - настрадаа корона-пациенти

ЖА / агенции
12 мај 2020

Пет луѓе го загубија животот во клиника во Санкт Петербург при пожар кој веројатно избувнал поради преоптовареност на респиратор. Русија според бројот на регистрирани инфицирани со коронавирус е на второ место во светот.

https://p.dw.com/p/3c7da
Russland Brand in Krankenhaus in St. Petersburg
Фотографија: picture alliance / AA

Новинската агенција Интерфакс пренесе дека жртвите се пациенти кои биле приклучени на апарати за дишење на Одделение за интензивна нега. Преоптоварен респиратор веројатно бил предизвикувач на пожарот. „Апаратите се на својот лимит. Моментно тие работат без прекин, поради што еден се запалил", цитира Интерфакс изјава на еден инсајдер. 

Министерството за цивилна заштита ја потврди смртта на пациенти на клиника во Санк Петербург, но без да наведе бројка и причина. Според новинската агенција Тасс, станува збор за четворица мажи и една жена на возраст меѓу 59 и 67 години.

Болницата, како што се истакнува во извештаите, на средината на март добила нова опрема за третман на заразени со коронавирус. Многу руски клиники во изминатите недели беа опремени и пренаменети за лекување на пациенти заболени од Ковид-19.

Повеќе:

Најтешката криза на Владимир Путин

Коронавирус: Тешки недели претстојат во Москва

ЕУ: Русија води кампања на дезинформации околу коронавирусот

Со почетокот на првите олеснувања на строгите рестрикции воведени  заради сузбивање на пандемијата, бројот на инфицираните повторно забележа голем скок. Властите потврдија преку 232.200 регистрирани случаи. Од пресметките на американскиот универзитет Џонс Хопкинс врз основа на службените податоци, втората по големина земја по површина во светот со вкупниот број на пријавени новоинфицирани се наоѓа на второ место пред Шпанија со 228.000 случаи на коронавирус, пред нив се САД со рекорден број заболени.

Руските власти го образложуваат наглиот скок со пораснатиот број на тестирања на коронавирус во однос на почетокот на епидемијата. Притоа, се поаѓа од тоа дека постојат значително повисоки темни бројки. Рускиот претседател Владимир Путин вчера прогласи крај на неработните платени денови – мерка воведена заради спречување на ширењето на коронавирусот. Од денеска на пример во Москва повторно може да  работат градилиштата и индустриските претпријатија.