1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поевтини смартфони, апарати за навигација, конзоли...

Кристијан Улих / ЕМФ25 јули 2015

Конкуренцијата на пазарот на електроника е огромна. Сега можеби ќе стане уште поинтересно. СТО се договори за комплетно укинување на царините за околу 200 ИТ-производи од наредното лето.

https://p.dw.com/p/1G4bM
Фотографија: Fotolia/Kurhan

Со постигнувањето на договорот за укинување на царините производителите ќе заштедат многу пари. Со оглед на тоа што на пазарот на електронски апарати за забава владее огромна конкуренција, во победниците може да се вбројат и потрошувачите. Експертите очекуваат намалување на цените на смартфоните, телевизорите, компјутерите, па и на мастилници за печатари.

На преговорите за договорот за слободна трговија учествуваа 80 држави, меѓу кои и Кина, Јапонија, сите земји члленки на ЕУ и САД. И држави кои не учествувале на преговорите едноставно може да го преземат правилото и да го спроведуваат. За повеќе од 200 ИТ-производи сосема се укинува увозната царина. Тоа на претпријатијата ќе им носи заштеда од повеќе стотици милиони евра годишно.

Најголемото изненадување не е гигантската сума, туку тоа што Светската трговска организација воопшто го постави на нозе овој договор. Многумина веќе ја имаат прогласено СТО за мртва, поради тоа што организацијата се обидува уште од 1999 година да се договори околу опсежен светски договор за слободна трговија.

Оттука, сегашното постигнување договор има симболично значење. Тоа е прв договор за намалување царини во светот постигнат по цели 18 години.

Но, покрај добитниците - СТО, индустријата и потрошувачите, има и губитници. Државите кои ќе ги намалат увозните царини на нула, со тоа ќе загубат дел од даночните приходи.