1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголема заштита за германските работници

ЕМФ/дпа/ард1 јуни 2016

Германската влада со нова реформа на пазарот на работа: дампингот на плати станува потежок, а потешко ќе биде да се заобиколуваат и стандардите за заштита на работниците.

https://p.dw.com/p/1IyIs
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kästle

Германската влада има намера да ги заштити подобро работниците во земјата од дампингот на плати и лошите услови за работа. По повеќемесечно натегање и полемики, Владата денеска предложи закон против злупотреба на т.н. позајмени работници.

Во претпријатијата веќе нема да има „двокласно општество“, уверена е министерката за труд Андреа Налес. Работниците кои се вработени директно во претпријатието веќе нема да имаат толкав притисок од досега поевтините, т.н. позајмени работници (работници кои се вработуваат во претпријатието преку фирма за посредување работна сила). „Мислам дека ќе имаме помалку експлоататорски договори за работа“, претпоставува Налес.

Предлог законот предвидува позајмените работници, односно работниците кои работат на одредено време, во иднина по девет месеци минати во претпријатието да добиваат иста плата како и матичните работници со исти работни задачи. Тие по 18 месеци работа во една фирма ќе мора да го променат статусот и од позајмени работници да станат матични работници во фирмата. Исклучоци се можни доколку страните во тарифните преговори се договорат за нешто, со кое на позајмените работници уште од почеток би им следувала подобра плата и редовни зголемувања на личниот доход.