1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аларм за Европа

Барбара Везел/превод: Ж.А.27 април 2016

Успехот на десничарскиот популист Норберт Хофер на претседателските избори во Австрија е аларм за соседите, треба да се започне борба против десничарсите, смета Барбара Везел.

https://p.dw.com/p/1Icwi
Фотографија: Reuters/L. Foeger

Изборниот резултат е своевиден политички потрес: изненадувачки големиот успех на политичарот на Слободарската партија на Австрија, Норберт Хофер на претседателските избори во Австрија е аларм за остатокот од Европа. Навистина, функцијата е претежно репрезентативна, но пружа можност за политичко вмешување. Хофер уште претходно се закани дека, во случај на победа на изборите, ќе настојува да ја расформира социјалдемократско - конзервативната владејачка коалиција. Неговата партија, според анкетите, моментно е најсилна во земјата. Алпската република на тој начин, по Полска и Унгарија, би можела да стане уште една земја од ЕУ со десничарско-популистичка влада.

Капитуалција на бившите народни партии?

Коментаторите во Австрија го критикуваат слабиот резултат на бившите народни партии и резигнираниот однос кон Слободарската партија во знак на предавање на конзервативците и социјалдемократите. Премиерот Фајнман, кога станува збор за бегалската криза, од политички пријател на Ангела Меркел, се претвори во еден од нејзините противници. Но, тоа не му користеше на изборите. Како е можно откажување од напад со сета жестина, туку одење на прсти околу кандидат како Хофер, бивш член на братство со германска национална ориентација?

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел.

И, се разбира, како е можно откажување од испраќање на најсилниот противкандидат на партијата во изборна трка? Наместо тоа, двете некогаш големи партии, очигледно кандидираа луѓе кои ни самите не беа претерано заинтересирани за изборна победа. Тоа е политичко самоубиство поради страв од смрт! Во Виена со жалење се посматра сопствениот крах. Можеби во него постои некој морбиден шарм, но тоа е драматична политичка грешка. Зашто, тешко е повторно протерување на десничарите од власт, тоа е познато од историјата на 20. век.

Сите се поинакви, но сепак слични

„Национална сила“ во Романија, „Наша Словачка“ и „Јобик“ во Унгарија се доказ за јакнење на десничарските радикални движења, посебно во источна Европа. Но, со Слободарската партија, ФПО, Националниот фронт во Франција и Данската народна партија, таквата политичка боја оствари шокирачки голем успех и во земји со долга демократска традиција. Посебно во Полска, каде партијата „Право и правда“ започна демонтажа на демократските институции, ги ограничи медиумските слободи и земјата за само неколку месеци ја втурна во изолација, може да се види што значи кога власта ќе ја преземат десничарски националисти. Тие ја уништуваат демократијата, зашто тоа е предуслов за нивно останување на власт. Новите радикални десничари, додуша, се сите различни, но принципиелно многу слични.

Таквиот тренд во Европа не смееме пасивно да го посматраме. Оној кој сака нешто да промени, мора итно да се активира. Прво на десничарите треба да им се скрати акцептирањето, зашто антидемократијата, расизмот, национализмот и омразата кон исламот и странците се неприфатливи. Никогаш не е доста од вакво нагласување.

Мораме да објасниме дека повлекувањето зад националните граници не е одговор на глобализацијата со нејзините несакани последици. Или Австрија, Словачка и Унгарија, секоја одделно, сакаат да застанат на патот на превласт на финансиксиот капитал или експанзијата на Кина? Таквите ветувања се апсурдни, бесмисленоста треба да се разоткрива и пред се‘, да се нудат подобри одговори. На крајот на краиштата, старите народни партии би морале повторно да се погрижат за губитниците од глобализацијата, зашто во нивното незадоволсво се крие политички експлозив.

„Добрите стари времиња“ не беа подобри, туку само стари

Копнежот по „добрите стари времиња“, што го пропагираат десничарските партии, е бесмислен. Тие навистина се стари, но не беа подобри, сигурно не подобри од сегашноста. И тука се потребни многу објаснувања. Носталгичната желба кон наизглед едноставниот свет е разбирлива, кој од нас и самиот некогаш не дошол на таква мисла. Но, исклучително важно е да се создаде подобра иднина, зашто во минатото живеат само неговите духови. Десничарите радо ја фалсификуваат историјата, како што сега во Полска може да се види. Предизвикот за сите демократии во Европа, со оглед на таквиот развој на настаните, е јасен: не гледајте немо на десничарскиот популизам, туку пресметајте се со него!