1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе од две илјади функционери во Косово осомничени за корупција

БГ/миа27 септември 2013

Во косовското обвинителство потврдуваат дека само во 2012. година имале стотици пријави за мито и корупција за службени лица. Мал дел од обвинетите се осудени.

https://p.dw.com/p/19pEe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Повеќе од две илјади функционери во Косово, во последните две години, осомничени се за злоупотреба на службената положба. Според весникот „Коха диторе“, под истрага се од претседатели на месни заедници па сѐ до највисоки владини функционери, бидејќи се товарат за злоупотреба на службената положба и земање мито.

„2.307 носители на државни функции се третирани од Обвинителството од јануари 2012 до јуни годинава. За повеќето од нив има докази дека ја залоупотребиле службената положба. Но, само мал број од нив завршиле пред судот. Само во 187 случаи изречени се судски казни, а речиси толкав број се ослободени од обвинение“, наведува „Коха диторе“.

Надлежните обвинители во текот на 2012 година имале за работа 643 кривични пријави со 1.670 лица, а се однесуваат на злоупотреба на службената положба -корупција, каде влегува и кривичното дело мито, потврдил портпаролот на Државното Обвинителство на Косово, Лиридон Космаќи.